Почитувани ученици и родители, Се надевам дека сте добро. Поради моменталната состојба со вирусот Ковид 19 овде можете да најдете материјали коишто ќе ви помогнат во процесот на самоучење. Се обидов истите да бидат забавни но секако се во контекст на она што треба да се изучи во периодов. Секако ова е само моја поддршка и придонес за овој период и не е задолжителна. Доколку ви се допаѓаат или имате одредени забелешки ве молам да ми оставите коментар подолу. Секој коментар е добредојден.
17.03.2020 - вторник (Tuesday)
Parts of the room
Учиме нови зборови - вокабулар
Ученици, кликнете на кругчињата, слушајте внимателно и повторувајте. Добра забава :)
FUN TIME Време е за малку забава. Ова е сложувалка (puzzle). Треба да ја составиме фотографијата од претходната вежба со поместување на деловите од сложувалката со компјутерското глувче. За да ја почнете играта од почеток, кликнете на трите точки во долниот лев агол и изберете Restart. Доколку сакате фотографијата да ја ставите за позадина кликнете на духчето во долниот лев агол.
Време е за забава и учење. Играта е бесилка (hangman). Сигурна сум дека веќе ја знаете. Доколку не еве ви ги насоките. Подолу се дадени сите зборови што ќе се појават во играта (еден по еден секако). Кликате на буквите од коишто сметате дека е составен зборот и играте за да ги погодите сите букви од којшто е составен зборот за да не ве обесат. Забавувајте се! :)