Почитувани ученици, на часот по Информатика зборувавме за проблемите со коишто се среќаваме при изработка на училишните проекти. За да заштедиме време и пари, потребно е да користиме колаборативни алатки. Таква колаборативна алатка е google slide којашто ќе ни помогне да ги надминеме сите проблеми. Затоа ќе изработиме е-книга од нашата екскурзија каде што меѓудругото ќе ја разработиме и оваа колаборативна алатка.
Тогаш, можеме да почнеме!!
Прв чекор: предлог наслов на е-книгата „Сеќавања од едно патување“ (може да се промени на ваш предлог)
Втор чекор: подготовка на содржината За време на екскурзијата фотографирајте ги следниве моменти - најинтересна случка во автобус - најинтересна случка во соба - најинтересно посетено место Фотографиите што ќе ги употребите мора да бидат лични односно истата фотографија неможе да биде употребена од повеќе ученици.
Трет чакор: презентирање на google slides На часот ќе објасниме како да работиме на google slides
Четврт чекор: работа на слајдовите Тука ќе бидат поставени линкови за секое одделение поединачно откако ќе го презентираме google slides.